Новата генерација на Mondeo доаѓа следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Шест години откако Ford ја претстави петтата генерација на седанот Mondeo, се појавија првите информации околу новата, шеста генерација.

Како што шпекулираат американските медиуми, новата генерација всушност ќе биде кросовер кој ќе го носи овој назив, додека седанот нема повеќе да биде дел од понудата. Со ова Ford продолжува во реализацијата на планот кој беше усвоен уште минатата година, а според кој американскиот производител ќе се определи за кросовер модели.

Она што се пишува е дека кросоверот Mondeo ќе биде со должина од 489 цм, ќе дојде со plug-in хибриден погон и вкупна моќност од 225 КС.

Производството би започнало во 2022 година во фабриките на Ford во Валенсија (Шпанија) и Чанган (Кина).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK