Можеби и вие сте меѓу нив: Уште 1,4 милиони возила се повлекуваат поради дефект со перничињата

ОБЈАВЕНО НА:

Проблемите со воздушните перничиња на Таката се уште „дрмаат“ во автомобилската индустрија. Сега е откриен нов дефект кај некои возила на пет бренда низ целиот свет. Според пишувањето на Automotive News Europe неисправноста е утврдена по смртта на сопственик на BMW во Австралија и уште два други случаи каде патниците поминале со потешки повреди, исто така поради воздушните перничиња.

Јапонскиот производител на водушни перничиња во минатото плати милионски суми како дел од казните за лошите перничиња.
Ова предизвика да се случи најголемата сервисна акција во историјата заради решавање на проблемите.

Сега сервисната акција се однесува на модели на BMW, Audi , Toyota, Honda и Mitsubishi. Перничињата сега може да испукаат или воопшто да не се отворат при несреќа поради апсорбирање на влага.

Од BMW веќе упатиле препораки на сопствениците на третата генерација на E46 да ги донесат возилата во сервис заради замена на перничињата. Honda и Audi се уште го проверуваат точниот борј на автомобили со дефектни воздушни перничиња, а Mitsubishi ќе повика на сервис само еден модел, но се уште не е објавено кој е тој модел.

Повикувањето на дополнителен сервис некогааш и не е проблематичен бидејќи фабриките сакаат да бидат сигурни дека нивните модлеи се безбедни, но во ситуација која станува збор за делови кои директно може да придонесат за намалување на повредите тогаш и те како е важно.

Ако и вие имате вакви автомобили, можеби не е лошо да проверите во сопствените овластени сервиси дали треба да отидете на замена на воздушните перничиња.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK