Канализацијата ја поплави фабриката на Fiat во Крагујевац

ОБЈАВЕНО НА:

Обилните врнежи, но и високиот водостој на реките предизвика поплавување низ повеќе градови во Србија, а помеѓу најкритичинте беа Белград и Крагујевац.

Покрај бројните објекти, во Крагујевац настрада и дел од фабриката на Fiat. Ова го потврди и градоначалникот на овој град, Радомир Николиќ.

“Имаше голема поплава во Фиат во неделата. Поплавата е од канализацијата која не успеа да ја прими целата количина на вода” изјави Николиќ за Телевизија Крагујевац за која додаде и дека се поплавил задниот дел од фабриката.

Тој додаде дека и оваа штета ќе биде вклучена во вкупнтие процени на штети од невремето кое беснееше во и околу Крагујевац. Засега останува нејасно дали градот ќе исплати оштета на Fiat.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK