Македонците и Европејците вљубени во исти Ford возила

ОБЈАВЕНО НА:

Возилата што ги поврзуваат Македонците и Европејците се Ford Fiesta, Focus и Mondeo. Македонците имаат ист вкус при изборот на Ford возила како и граѓаните на Европа.

Mоделот Fiesta е најпродавано мало возило веќе 4 години по ред, по што следуваат Focus и Mondeo.

„Вкупната продажба на Ford возила во Европа е 1.041.431. Од нив, 74% се патнички возила. Она што е интересно е тоа што Европејците ги одбираат повисоките нивоа на опрема кај Ford возилата како Титаниум и Vignale, бидејќи имаат доверба во брендот. Исто така, голем раст во продажбата забележуваме и кај спортските модели на Ford како Mustang, Focus RS, Fiesta ST и Ford GT“, вели Предраг Николовски, маркетинг директорот на Ми-Да Гранд Моторс.

Брендот Ford во Македонија, 2016-та година, ја заврши на трето место по број на продадени возила. Најпродавани модели од патничката програма се Fiesta, Focus и Mondeo. Сепак, уште повеќе да го олесни пристапот на купувачите до омилените Ford возила, Ми-Да Гранд Моторс започна продажна акција “Понуда со стил“ за најпродаваните модели – Fiesta, Focus и Mondeo.

„Она што го нудиме е токму тоа што потрошувачите го бараат. Може да се задоволи секој стил на македонските возачи, без разлика дали станува збор за градско, за динамично или за елегантно возило. Огромен дел од продажбата, сé уште, се комерцијалните возила на Ford кои се број еден во Европа“, вели Николовски.

Соопштение на Ми-Да Гранд Моторс

Следете не и на:

24AUTO NETWORK