Индијанците бараат од Jeep името „Чироки“ да не се користи во автомобилската индустрија

ОБЈАВЕНО НА:

Американското домородно племе Чироки со невообичаено барање до Jeep – бара да се прекине користењето на името на ова племе во автомобилската индустрија. Ова го потврди и главатарот на племето Чак Хоскин.

Ова е прв пат официјално од племето да го побараат ова иако претходно се шпекулираше долги години за тако нешто. Барањето, е иницирано по минатогодишните протести ширум САД за расистичка еднаквост. Како плод на тие протести беше и забраната за користење на називот Redskins од страна на рагби екипата на Вашингтон.

“Мислам дека денес, во денешно време во оваа земја време е корпорациите и спортските екипи да ги повлечат од употреба имињата на домородните американци, сликите и маскотите на нивните производи и дресовите” изјави Хоскин за CarAndDriver.

Инаку Jeep за прв пат го искористи називот Чироки кај истоимениот модел-караван во 1974 година. Оттогаш па се до денес во континуитет Jeep има модел со ова име во понудата. Во моментов тоа е SUV моделот Grand Cherokee кој во својата четврта генерација е дел од глобалната понуда на Jeep.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK