General Motors „краде“ од Mazda

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата General Motors почнала постапка за да направи регистрација на име што досега го користеше Мазда. Станува збор за името Тribute. Целта е да се користи ова име за различни лесни и спортски автомобили. Засега не е јасно кон кое моделно име ќе биде прикачено Tribute. Останува да се види дали тоа ќе биде Chevrolet, Buick или GMC. Сепак, Tribute е добро познато од блиското минато како додавка на возилата од Mazda.

Tribute се користеше како ознака на SUV возилата на Мazda во периодот од 2000 до 2011 година, а во 2012 година правото за користење на ова име истекува, а Јапонците не го патентираат одново. Оттаму сега General Motors може без проблеми да го присвои и да има свој патент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK