Рекорд: Kia продаде половина милион возила во Европа!

ОБЈАВЕНО НА:

За прв пат од своето постоење Kia Motors успеа да продадде над половина милион возила на “Стариот континент”.

Според официјалните податоци, во Европа, во текот на минатата година Kia Motors продаде точно 502.845 возила. Тоа претставува раст на продажбата од 1,7% со што продолжи трендот од 11 години континуиран пораст на продажбата.

“2019 година за нас претставуваше пресврт бидејќи за прв пат претставивме нова генерација на електрични возила и лансиравме нови изведби и погони од нашите постоечки, популарни модели” изјави Емилио Ерера, првиот човек на европската дивизија на Kia Motors.

Најголем удел во миантогодишната продажба во Европа имаше фамилијата на Ceed. Моделските изведби на овој фамилија се продадени во 110.201 примерок, а потоа следи Kia Sportage со 109.838 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK