Volkswagen се плаши од Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Шефовите на големи автомобилски компании во своите јавни настапи обично се внимателно кога треба да се оцени компанијата Тесла. Сите сметаат дека таа сѐ уште е премногу млада и неискусна за да се соочат со гигантите на пазарот на автомобили, кои имаат огромен пазарен удел и милионски продажби.

Но, германски Volkswagen сериозно го набљудува напредокот на Tesla, и тие сметаат дека тоа е компанија што има голем потенцијал. Според нив, ако во „стариот свет тоа се Toyota, Hyundai и француските производители, во новиот свет – тоа е Tesla“

Засега бројките се на страната на Volkswagen. Компанијата минатата година продаде речиси 6 милиони возила, додека Tesla – помалку од 84.000. Сепак, шефот на Volkswagen признава дека тоа е од тоа е многу голема опасност.
“Tesla е еден од оние конкурентите, кои имаат капацитет, што ние во моментов го немаме,” – изјавил Херберт Дис.

Според него, Tesla сега има голем број на инженери кои се одговорни за софтверот, оваа компанија има одлични електрични моторои и има голема мрежа за брзо полнење за електрични возила. И активно ја развива автономна технологија на возење.
“Ова укажува на тоа дека ние треба значително да се подобриме во перформанси во овие области”, смета Дис.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK