Во иднина кинески мотори за европските возила на Peugeot-Citroen

ОБЈАВЕНО НА:

За да го подобри користењето на сопствените капацитети во Кина, PSA Group ќе ги корист 1.2 литарските турбо бензински мотори од нивната фабрика на Донгфенг за производните капацитети во Европа. Станува збор за три цилиндричен мотор кој ќе се произведува во Ксиангјанг во Централна Кина, a ќе се вградуваат во европските возила на PSA.

Во периодот од јули 2017 до мај 2018 година се очекува PSA да искористи 55.000 мотори во нивните европски фабрики. Донгфенг е во сопственост на државата. Во Кина овие мотори се користат за малите возила како Peugeot 2008, 308 и 408, и за Citroen C3-XR и C4. Заедничката фабрика со Донгфенд во Кина произведува патнички возила со знакот на Citroen и Peugeot, и плус лесни товарни возила.

PSA има заедничка фабрика и со друг кинески производител, China Changan Automobile Co. во јужнио тград Шензен, а таму се произведуваат DS модели.

Во првите пет месеци од годинава PSA испорачала во Кина и југоисточна Азија 49 отсто од планираните 130.000 возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK