Дека автономните возила се иднината покажува и фактот што сѐ поголем број на компании, не само од автомобилската индустрија туку и од други сектори се вклучуваат во развојот и тестирањето на ваквите возила. Samsung е последната компанија што добива дозвола да тестирање на автономни возила по улиците Јужна Кореја.
Според весникот The Korea Herald, компанијата добила „зелено светло“ од Министерството за инфрасруктура и транспорт, и имаат намера да работат на развој на бројот на сензори и компјутерски модули со вештачка интелегенција и технологиите со длабоко учење.
Многу малку се знае за прототипот што Samsung ќе го користи, но локалните медиуми тврдат дека тоа е всушност возило на Hyundai што ќе биде опремено со сензори и камери од Samsung Electronics.
Исто како и Apple, и Samsung не планира да промовира автономно возило туку само ќе развива технологија потребна за побрзо приближување на овие возила до масовно производство.
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/06/viber.png)
Следете не и на:
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/facebook-1.png)
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/instagram-1.png)