За сè има првпат: Пикап возилата попродавани од автомобилите во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Во САД автомобилите секогаш биле повеќе продавани од пикап возилата. Коронавирусот ја смени оваа традиција. Изгледа дека во април пикапите ги поместиле автомобилите од врвот.

Новите податоци покажуваат дека во последниот месец во САД, пикапите првпат успеал да се најдат пред автомобилите според продажбата. Според Blооmbеrg, во април американските корисници купиле повеќе од 186.000 пикап возила. За споредба, продадени се малку повеќе од 169.000 автомобили. Тоа е забележителна разлика од 17.000 превозни средства. Истите податоци покажуваат дека во април пикапите претставуваат над 40 проценти од продажбите на Gеnеrаl Mоtоrs, Fоrd и Fiаt Сhryslеr.

Исто така минатиот месец е најслабиот во однос на купени автомобили во САД во последните 20 години. Некои основни играчи во сегментот како Hоndа, отчитуваат опаѓање во продажбите од 54 проценти поради пандемијата.

Cтaтиcтикaтa, собрана од Соx Аutоmоtivе, има доста мрачна слика за април. Бројките покажуваат дека општите продажби на автомобили во минатиот месец се намалени за 54 проценти во однос на претходнта година и со 37% во однос на минатиот месец.

Добрата вест е таа дека редица на компании успеале да го обноват производството, со оглед на тоа што многу држави го тргаат карантинот. Некои компании во САД дури нудат стимул како финансирање на нулти процент за периодот од 84 месеци во обид да го кренат нивото на порачки. Имајќи го тоа в предвид, се очекува продажбите на автомобили да се поправат во текот на следните неколку месеци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK