Сите нови Maserati возила ќе возат на струја

ОБЈАВЕНО НА:

По 2019 секој нов модел на Maserati ќе биде електрифициран под некаква форма. Ова станa јасно од пишувањето на Autocar, која цитира изјавата на шефот на Fiat Chrysler, Серџо Маркионе за време на конференција со инвеститори.

За таа цел при развојот на следните два модели Maserati ќе ги преориентира “речиси сите” инвестиции во сферата на електричен погонот. Се разбира, тоа не значи дека за престижниот италијански бренд моторот со внатрешно согорување ќе биде историја, а електрификација вклучува и пуштање на хибридни возила.

Актуелниот модел Levante користи платформа која овозможува кросоверот да се движи на струја – барем како Plug-in хибрид.  Според Autocar првото целосно електрично Maserati ќе се појави во 2020 – и ќе биде вистински “спортист”.
Во почетокот на јули компанијата Volvo прва изјави дека сите нејзини модели ќе се движат (и) на струја, пред неколку дена тоа го направи и BMW, а сега дојде ред и на Maserati.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK