Како изгледа кога ќе експлодира плинска боца во автомобил (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Атестирани или не, дискусијата за безбедноста на плинските боци во автомобилите е предмет на голема дискусија. Последниот пример што оди во прилог на опонентите на плинските боци доаѓа од Кина и сето тоа е видео докиументирано.

Имено, на социјалната мрежа Reddit, а потоа и YouTube се појави видео на кое се гледа како плинска боца експлодира додека автомобилот е во движење.

Се работи за автомобил Toyota Camry, а во описот на видеото кое може да го погледнете во продолжение, се наведува дека причината на експлозијата е непрофесионално вградување на инсталација за плин.

Сигурно ќе се сложите дека е од особена важност вградувањето на плински уред да го направи овластен сервис кој тоа ќе го направи најпрофесионално и според највисоки стандарди.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK