Seat конечно во позитива

ОБЈАВЕНО НА:

По осум години шпански Seat конечно ја завршува годината со добивка и позитивно работење. Една од причините е проширувањето на понудата со нови и атрактивни модели, како што е Ateca, но и реорганизацијата и дополнителното унапредување на производството и развојниот процес со цел да се намалат трошоците без негативни последици.

Оперативните резултати скокнаа на 153 милиони евра, а за споредба лани загубата беше 10 милиони евра. Приходите на компанијата се зголемени за 3,8 отсто на рекордни 8,9 милијарди евра, но тоа е само 1,8 отсто од целиот дел во VW групацијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK