Што е подобро: Повисок клиренс и 4х4 систем?

ОБЈАВЕНО НА:

Многу сопственици на автомобили ретко излегуваат со нив од градот, додека повеќето од другите и не ги напуштаат асфалтираните патишта. Во такви услови погонот 4х4 и не е толку потребен. Многумина плаќаат за него без воопшто да им е потребен. А овие возилата се најмалку 15 до 20 проценти поскапи од оние со само преден или заден погон.

Но, некогаш е подобро да имате само автомобил што има повисок клиренс, и во многу случаи ќе заврши работа. Покрај тоа возилата со 4х4 трошат повеќе, а и одржувањето им е поскапо. Еве неколку случаи, во кои тоа може мирно да биде заменето од поголем клиренс.

Качување на тротоар

Во големите градови тоа е честа практика, иако во многу места тоа е забрането. Понекогаш, сепак, е неопходно автомобилот да се качи на тротоар, поради причини кои не зависат од возачот. На пример за да се избегне несреќа на патот. Или, пак, ако некој го блокирал со возилото и излегол од истото.

Градските автомобили во повеќе случаи се паркираат со предниот дел кон работ од троатор и во тие случаи високиот клиренс е многу корисен. Еден седан со погон на четири тркала најверојано ќе страда, најмногу браникот, ако е потребен одреден маневар.

Врнежи од снег

Ситуацијата која често се среќава, кога однапред од поголемо превозно средство (камион или автобус) паѓа големо парче мраз. Што е поопасно во ситуацијата. Да се обидеш да го заобиколиш сметајќи на системот 4х4 или едноставно да поминеш над него.

Очигледно во првиот случај ќе има проблем. Секој не може да се справи со управувањето, а и местото може да не биде доволно. Во втората ситуација нема потреба да се направи нешто.

Намалување на вниманието

Погонот на четири тркала го тера возачот да се релаксира зад воланот. Тие му се доверуваат на системот и веруваат дека благодарение на него возилото може многу повеќе. При забрзување предноста на системот е факт, и кога има нагло запирање во однос на стандардните возила со преден или заеден погон речиси и да нема разлика. Дури може да биде потешко, со оглед на тоа што автомиблите со 4х4 се потешки.

Заглавување во снег

Возачот на автомобил со 4х4 обично е толку уверен во способноста на машината што не се плаши од ништо. Тој верува дека дури и тонењето во длабокиот снег нема да биде проблем. Меѓутоа, доколку снегот е повеќе и автомобилот „лежи на него“, не е важно колку тркалата се вртат, дали две или четири. Во сите случаи без лопата тешко дека ќе може да се тргне.

По правило ниската кола со погон на сите четири тркала потешко излегува од длабок снег или кал, отколку повисоките автомобили со моно-погон. Уште повеќе што првиот има повеќе агрегати, кои можат да бидат оштетени.

Ѓубре на патот

Нискиот автомобил закачува на многу нешта на лошо одржуваниот пат. Се случува под него да се најдат гранки, фрлено ѓубре, па дури и предмети што можат да ја оштетат суспензијата на автомобилот. Кога возилото е повисоко тие нешта се преминуваат далеку полесно.

Па сега на вас е да решите што повеќе ви одговара.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK