Ќе имаме двојно поефикасни батерии во електричните возила до 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Капацитетот на батериите на електричните автомобили може двојно да се зголеми и така да се даде поттик на процесот на масовното користење тврди јапонски производител. Според информациите новата литиум-јонска технологија може да се вклучи во масовно производство до 2020 година или дури и порано.

Слабите батерии се една од главните пречки за поширока навлегување на електрични возила на пазарот. Многумина веќе пројавуваат интерес за купување на таков тип на возило, но се откажуваат поради ограничената километража. Зголемувањето на капацитетот на батеријата при зачувување на нејзините димензии дава надеж за промена. Таа сепак предизвикува и прашања околу новата технологија.

Развој на батеријата е дело на јапонската GS Yuasa, која во моментов е четврта по големина производител на Li-Ion батерии, пишува весникот Nikkei. Келиите се дело на обединувањето на Lithium Energy Japan (меѓу Mitsubishi Corp. и Mitsubishi Motors).

Во оваа фаза, сепак не се објавени повеќе технички детали за технологија. Според информациите своевидна револуција се наоѓа во материјалите што се користат за изработка на електродите на батеријата. Тие придонесуваат за поголема ефикасност и соодветно зголемување на капацитетот.

Ако технологијата функционира, тоа значи дека наместо батериите да овозможуваатдосег од 100 километри, сега тие ќе акумулираат повеќе енергија, доволно за возење на двојно поголемо растојание – од 200 км.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK