Канада го казни Mitsubishi Electric за местени тендери

ОБЈАВЕНО НА:

Врховниот суд на Онтарио ја казни Mitsubishi Electric со 13,4 милиони долари откако се изјасни за виновен по три точки од обвинението за местење на тендери.

Во 2009 година, канадското Биро за конкуренција откри дека Mitsubishi Electric влегол во нелегални договори со конкуретен јапонски производител на делови за автомобили во обид да дознае кој би бил победник на тендери објавени од Honda и Ford за набавка алтернатори и за набавка на свеќици за General Motors.

По отпочнување на истрагата, повеќе различни учесници во заговорот добија парични казни. Во април 2013 година, Бирото ја казни корпорацијата Yazaki со 30 милиони долари, откако се изјасни виновна дека го местеле тендерот за договорот за користење жици за Toyota и Honda.

Во 2016 година, казна од 130 милиони долари во САД дои Nishikawa Rubber откако обезбеди договор со Toyota и Honda за периодот од 2002 до 2012 година, како и казна од 13 милиони долари за корпорацијата Showa откако за одредени модели на Honda кои се составуваа во Канада добави електрични серво управувачи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK