Пет земји од ЕУ сакаат одложување на забрана за мотори со внатрешно согорување – да важи од 2040

ОБЈАВЕНО НА:

Пет земји-членки на Европската унија сакаат да ја одложат предложената цел на унијата за 100 отсто исфрлање на фосилните горива од употреба до 2035 година. Алтернативниот предлог на Бугарија, Италија, Португалија, Романија и Словачка ќе бара од земјите на ЕУ да ги намалат емисиите за 90 отсто во однос на нивото од 1990 година до 2035 година , и постигнување целосно намалување од 100 проценти во 2040 година.

Планот, исто така, предвидуваше лесните комерцијални возила да се третираат уште поблаго. Според условите на предлогот од петте држави, тие возила ќе треба само да ги намалат емисиите на CO2 за 80 проценти до 2035 година, иако сепак ќе треба да ја исполнат целта за намалување од 100 проценти во 2040 година.

Коалицијата верува дека „треба да се воспостават соодветни и приспособени периоди на транзиција“, а неименуван бугарски функционер во изјава за Ројтерс рекол дека климатските политики треба да ги земат предвид различните финансиски ситуации на земјите-членки на ЕУ и нејзиното население.

Иако Европската комисија минатата година предложи намалување од 100 проценти во 2035 година, а парламентот на ЕУ пред само неколку недели гласаше да ја потврди таа одлука, сè уште не е воспоставен закон. Тоа треба да се случи подоцна оваа година.

Датумот од 2035 година е значаен затоа што ЕУ сака да достигне нето нула емисии до 2050 година. Но, бидејќи просечниот животен век на новите автомобили е 15 години, дозволувајќи им на возилата со мотори со внатрешно согорување да се продаваат по 2035 година, може да ја спречи ЕУ да ја достигне целта на нето нула 2050 година.

Петте спротивставени држави не се единствените земји кои се незадоволни од одлуката ефективно да се забранат автомобилите со вакви мотори до 2035 година. Германскиот министер за финансии се изјасни против потегот минатата недела, но неговиот став не го делат големите производители на автомобили, вклучително и оние од неговата земја. како Mercedes и Volkswagen кои излегоа во поддршка на забраната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK