Honda, Hyundai и Toyota сакаат да „ќарат“ од казната на Volkswagen во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Многу често автомобилските компании работат заедно за да имаа некоја задничка корист, а пред сѐ намалување на трошоците при производство или развој на некоја технологија. Сега три компании сакаат да извлечат заедничка корист од казната на Volkswagen во САД во однос на дизелгејт, аферата со мамењето со емисијата на гасови од автомобилите на германската компанија.

Државата Калифорнија доби големи парични средстав од казната на VW и сака околу 800 милиони долари да вложи во полначи за електрични возила, и сервиси за заедничко користење на електричните автомобили и нивна подршка.

А тука сакаат малку да профитираат и трите компании, па Honda, Hyundai и Toyota бараат од државата Калифорнија во овој план да вклучи и изградба на станици за водород и тоа значаен дел од предвидените средства што треба да ги добие.
Работата е што овие компании сега не произведуваа возила на горивни келии, а VW објави дека ќе се ориентира исклучиво на електрични возила.

Образложението на компаниите е дека Калифорнија секако има план за изградба на 100 станици за полнење со водород до 2020 година, иако е тешко да се верува дека тоа е нивниот единствен мотив.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK