Fiat Chrysler „на тапет“ во Франција

ОБЈАВЕНО НА:

Француското обвинителство почна истрага во Fiat Chrysler Automobiles поради наводи дека автопроизводителот мамел на тестовите за дизел емисии.

Портпаролот на Fiat потврдил дека се во тек со истрагата, но одговорил дека сите нивни возила се во согласност со пропишаните правила за дизел емисии, како што потврдило и Министерството за транспорт во Италија. Според портпаролот, компанијата ќе соработува во истрагата.
Истрагата е почната на 15 март годинава.

По избивањето на дизелгејт скандалот во САД со над 11 милиони возила на Volkswagen, повеќе европски држави отпочнаа истраги против автопроизводители во однос на почитување на прописите за дизел гејт во нивните држави.

За некои Opel, Renault и FCA модели беше потрдено недозволени емисии на азот оксид, за над 10 пати над дозволените граници, како и употреба на уреди кои во одредени услови ги редуцираат издувните гасови.

Агенцијата за спречување на измами врз потрошувачите во Франција, спомна можни тужби против четири производители Volkswagen, Renault, FCA и PSA Group. Додека тестовите за брендот на General Motors, Opel, според француските власти, покажал дека нема прекршувања во однос на емисиите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK