Се продава Alfa Romeo SZ од 1992 година – сопственикот бара 65.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Со произведени само 1.028 примероци, моделот SZ на Alfa Romeo е еден од најбараните на пазарот на половни автомобили од овој бренд.

Еден сопственик на овој модел од Санта Моника (Калифорнија) се одлучи да го огласи својот примерок на огласник за продажба. Станува збор за примерок произведен во 1992 година кој е 526-ти по ред произведен.

Сопственикот во огласот наведува дека автомобилот има поминато само 33 илјади милји односно 53.108 км. Располага со 3,0 литарски атмосферски V6 мотор кој продуцира максимални 207 КС и 245 Nm обртни моменти. Следствено на ова, до стотка забрзува за 7 секунди додека пак максималната брзина која може да ја постигне изнесува 245 км/ч.

Alfa Romeo SZ

За овој автомобил сопственикот бара, верувале или не, 65 илјади американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK