И Apple развива автономни системи

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот човек на Apple Тим Кук потврди дека компанијата развива автономни системи и навести дека е можно да не ја ограничат примената само на возила. Според извештајот на The Verge, Кук изјавил дека компанијата сериозно инвестира во развој на автономни системи, со што ги потврди гласините за новите технологии на кои работи Apple.

„Ние сме фокусирани на автономните системи. Во моментот работиме на еден голем проект, и во него вложуваме голема инвестиција. Според нас, автономноста на некој начин е мајката на сите проекти со вештачка интелигенција (AI).
Автономните системи може да се користат на повеќе начини. Возилото е само едно од нив, но постојат многу различни области каде може да се применат. И не сакам да откријам повеќе од ова“, рече Кук.

Иако надвор од Apple никој не знае колку точно напредувал проектот за автономните системи и за што ќе може да се користи, распространети се шпекулациите дека Apple на автопроизводителите може да им го понуди автономниот систем за возење. Технологијата може да се користи и во производството и во доставата, и тоа во работи како што се автономните фабрички роботи, асистенти во складишта и сервиси за испорака.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK