PSS Racing одлично почна во Словачка: Џиролами втор на слободните тренинзи – Давидовски во Топ-10

ОБЈАВЕНО НА:

Двајцата возачи на PSS Racing, Франко Џиролами и Виктор Давидовски тргнаа одлично во новата сезона во TCR Europe, откако и двајцата покажаа форма која треба да им донесе добри резултати во квалификациите и на двете трки на патеката Словакија Ринг во Словачка. На првите два слободни тренинзи, возачите на македонскиот тим двапати беа во Топ-10.

На првиот тренинг Франко Џиролами беше второпласиран со само 0,309 секунди заостанување во однос на најдобриот, Микел Аскона. Тоа беа првите директни соочувања на возачите кои ги „местеа“ возилата за што подобро да извозат круг. Виктор Давидовски беше на 12. место во конкуренција на 22 возачи.

На вториот тренинг времето драматично се смени па се возеше на дождлива патека. Тоа му одговараше на Виктор Давидовски кој се најде во Топ-10, а неговиот клупски колега Џиролами беше осмопласиран. На овие тренинзи Том Коронел беше најбрз со Audi.

Утрешните квалификации што се закажани за 10,15 часот ќе го одреднат стартниот ред на трката, а првата трка е закажана за 15,15 часот. Во TCR Europe вашно е исто така да се биде во Топ-10 на квалификациите бидејќи покрај тоа што сте во горниот дел, и имате можност за добар старт, се освојуваат и бодови за местата на квалификациите.

Давидовски има цел во ТЦР Европа: Сезонава сакам подиум

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK