Panda конечно го заврши Дакар (видео)

ОБЈАВЕНО НА:

На релито Дакар победници се сите што ќе успеат да стигнат на целта, но сепак ловориките му припаѓаат на најбрзиот. Годинава тоа беше Стефан Петерхансел кој триумфираше по 13. пат на трката на издржливост.

Сепак меѓу оние што го привлекоа вниманието е и еден друг екипаж, веројатно бидејќи го освоија 55. место. Од друга страна тие зад себе оставија само двајца натпреварувачи. Интересни се бидејќи ги минаа сите тешкотии и препреки на патот, и тоа со Fiat Panda.
За „малото бебе“ на Fiat ова беше четврто учество, но првпат стигнаа на целта.

Fiat имаше обид уште во 2007 година да се вклучи успешно на Дакар, кога двојниот светски првак во рели, Мики Бјасион возеше италијански автомобил. Другото возило требаше да биде управувано од Марку Ален, поранешен совозач на Бјасион во Lancia. Сепак Ален не ја прифати понудата.

И се тргна наопаку бидејќи малата Panda ја заврши авантурата откако беше „проголтана“ од песочните дини во Мароко, а релито само што почна. Но, никој не се предаде, па Panda следната година отиде во приватни раце, но повторно не успеа да ја заврши трката. И уште еден обид имаше во 2014 година, што заврши со скршена суспензија по 11 дена.

Неуспехот беше прекинат годинава откако Џулио Верцелети конечно со една подобрена верзија на Panda го издржа патот и на крајот ја виде целта.
Верцелети досега има 16 настапи во конкуренција на камиони, моторцикли и автомобили на Дакар.
Во подготвувањето на овој автомобил вложиле околу 2.000 часови за да биде создадено возило што може да биде рамноправно. Најголемиот проблем им била големината на возилото, па секоја нерманина се чувствува многу во внатрешноста, па и кога навечер треба да се одмарате, уште имате проблеми од возењето.