Пад на продажбата во Германија и во август – засега само Tesla во плус

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на нови автомобили во Германија во август годинава забележа пад од 20% споредбено истиот месец минатата година, остварувајќи продажба од 251.044 нови возила.

Најголем процентуален пораст на продажбата во август забележа Tesla од 453,7%. Jeep со пораст од 40,3% е на втората позиција, а значителен пораст оствари и BMW од 15,2%.

Земајќи ја во предвид продажбата од јануари до крајот на август, единствено Tesla има позитивен пораст. Така во овој период Tesla оствари пораст од 11,2% споредбено со истиот период минатата година односно 8.152 продадени возила.

Во периодот од јануари до крајот на август во Германија се продадени 1.776.604 возила што е пад од 28,8% споредбено со истиот период минатата година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK