Внимавајте: Од 15 октомври ќе се постават 56 камери на автопатот Ниш – Белград

ОБЈАВЕНО НА:

Од 15 октомври на автопатската делница Ниш – Белград од автопатот Е-75 ќе се започне со поставување на 56 камери кои ќе ја снимаат брзината на возилата. Камерите ќе бидат поставени на повеќе места и тоа: Ниш, Алексинац, Рудници, Појате, Параќин, Јагодина, Баточина, Марковац, Велика Плана, Смедерево, Водањ, Умчари, Мали Пожаревац, Врчин и Белград.

Целта на поставувањето на овие камери е зголемување на безбедноста на автопатот преку регулирање, следење и казнување на сите оние возачи кои во било кој момент ќе бидат снимани како возат над 130 км/ч колку што е горното ограничување на овој автопат.

 

Во редовна примена овие камери ќе се користат три месеци по поставување односно првите три месеци ќе биде тест период. Засега останува непознато дали во овој тест период ќе се казнуваат оние кои ќе го прекршат брзинското ограничување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK