Ќе летаме со нова нискобуџетска компанија – LaudaMotion

ОБЈАВЕНО НА:

Ryanair и Ники Лауда развиваат нова нискотарифна авиокомпанија LaudaMotion. Таа неодамна го купи имотот на поранешната авиокомпанија Niki.
Ryanair Holdings Plc објави дека склучила обврзувачки договор со Ники Лауда, во поддршка на планот за развој на LaudaMotion GmbH, австриска авиокомпанија базирана во Виена.

LaudaMotion е австриски носител на сертификатот AOC, сопственост на Ники Лауда, кој неодамна се стекна со многу од средствата, вклучувајќи ги и авионите A320 на поранешната Niki Airline, и наскоро ќе започне со чартерски и други услуги од Германија, Австрија и Швајцарија и други туристички дестинации.

Според овој договор, Ryanair ќе се здобијат со почетен удел од 24,9% во LaudaMotion и ќе го зголеми можно поскоро до 75%, по одобрување од страна на органите за заштита на конкуренцијата на ЕУ.

Цената на оваа 75-процентна инвестиција во LaudaMotion (ако биде одобрена од ЕУ) ќе биде под 50 милиони евра, иако Ryanair ќе обезбеди дополнителни 50 милиони евра за првата година на стартување и оперативни трошоци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK