Доаѓа Volkswagen Golf GTI Clubsport

ОБЈАВЕНО НА:

Пред една недела, Volkswagen ги возбуди фановите со матна снимка од мистериозниот Golf GTI, кој треба да дебитира на 31-ви мај. Сега компанијата ја „исчисти сликата“ и откри дека мистериозниот модел ќе биде GTI Clubsport.

Заедно со ова, се појавија и нови слики од претстојниот маскиран VW Golf GTI Clubsport. Засега се знае дека ќе видиме зголемување на моќта, но точно колку се уште се чува во тајност.

Golf GTI Clubsport се одликува со модифициран преден дел, дотерани фарови и осветлена значка VW, како и голем заден спојлер на покривот, по една издувна цевка во секој агол и нови тркала од 19 инчи.

Механичките детали се уште не се откриени, но Volkswagen уверува дека ова ќе биде најмоќниот Golf GTI со погон на предните тркала досега. Електронски контролирано блокирање на предниот диференцијал, опционална DCC адаптивна контрола на шасијата и единствен режим на возење во Нирбургринг се дел од пакетот.

Иако сè уште не се потврдени деталите за моќноста, тој ќе го надмине сегашниот Golf GTI. Golf GTI беше обновен и зајакнат на почетокот на оваа година (од 245 КС на 265 КС), а доаѓа само со седумстепен DSG менувач.

Повеќе детали за Golf GTI Clubsport ќе следат наскоро на Нирбургринг за време на 24-часовната трка.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK