Skoda со обновената Fabia на саемот во Женева (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Одговорните лица во Skoda почнаа со афирмирањето на обновената верзија на моделот Fabia, кој првпат ќе биде покажан на меѓународниот саем во Женева кој ќе се одржи на почетокот на март. Воедно уште сега е познато дека моделот ќе биде лансиран на пазарот во текот на втората половина на 2018 година.

Главните промени коишто се направени кај Skoda Fabia се однесуваат на дизајнот на предниот и задниот дел на автомобилот со диодните светилки. Воедно има обновен ентериер, дополнителна опрема, а во неа влегуваат инфо-систем Swing со 6,5 инчен екран, нови интересни предлози од семејството Simply Clever и други.

Еднолитарските MPI верзии на обновената Skoda Fabia доаѓаат во верзии со максимална моќност од 60 и 75 коњски сили, а двете TSI модификации ветуваат повеќе и нудат 95 и 110 коњски сили.

Во опремата на обновената Fabia веќе се наоѓаат и неколку нови системи за активна заштита. Тука е системот за регистрирање на превозно средство во мртва точка од погледот на возачот, системот Light Assist за автоматско исклучување на долгите светла и вклучување на кратките и неколку други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK