В година доаѓа подобрениот Audi Q3 SUV

ОБЈАВЕНО НА:

Audi работи на новиот Q3 SUV што треба да биде полесен, попрактичен и што ќе донесе подобри резултати на пазарот, а треба да биде понуден во продажната мрежа во 2018 година.

Сегашниот СУВ е најстар модел во понудата на Audi, а со зголемената конкуренција во рамките на самата VW групација, со појавата на Seat Ateca и Volkswagen Tiguan, значи дека ќе има и притисок од внатре за побрзо обновување на понудата. Англискиот магазин Autoexpress тврди дека имаат ексклузивни фотографии за новиот изглед на Audi Q3 SUV.

Под надворешниот изглед на сегашната верзија на Q3 се наоѓа старата платформа Mk5 од VW Golf. Исто како и многу други модели во групацијата, новата верзија на Q3 ќе се префрли на MQB платформата – што се користи од Audi TT спортското возило, па се до Skoda Kodiaq SUV.

Новата основа значи и некои предности, помала тежина, повеќе простор и можност за плаг ин технологија. Новиот модел ќе го користи истиот изглед на сегашниот Q3, но ќе има и мали промени во димензиите – 60 мм. во должина и 50 мм. во ширина, додека и меѓуоскиното растојание се очекува да биде зголемено за 50 мм.

audi_q3_-_watermarked_front_detail

Тоа треба да придонесе за зголемување на практичноста, и изгледа Audi ќе понуди поголема пространост во кабината за патниците на задните седишта. Волуменот на багажниот простор ќе биде зголемен од сегашните 420 литри на нешто повеќе.

Audi се очекува да го следи дизајнот сличен на она што беше покажано на втората генерација на Q5. Сепак повеќето подобрувања треба да се најдат внатре.
Инструмент таблата и целиот изглед на конзолата треба да бидат по ергономски, и инспирирани од поголемиот Q5. Audi Virtual Cocpit дисплеј ќе ja замени конвенционалните група на инструменти зад управувачот, а командната табла што е дизaјнирана хоризонтално отколку вертикално ќе го зголеми визуелниот дел од кабината.

audi_q3_-_watermarked_rear_detail

Користењето на MQB шасијата исто така отвара можност за користење на различни мотори за Q3, заедно со најзначајниот плаг ин hybrid e-tron. Тој нема да биде понуден веднаш, туку најверојатно 12 месеци по почетокот на продажбата на Q3.
Погонската група што ќе се користи се очекува да биде комбинација на 1.4 литарски TFSI мотор и електричен мотор кои треба да бидат економични и пред се „зелен“ зашто ќе испуштаат само 40 г/км ЦО2.

Според сознанијата на Аутоекспрес, Audi заговара и целосно електричен Q3. Тој треба да се базира на надградената верзија на VW e-Golf, што сега има досега повеќе од 230 км. Воизлото ќе може да има можност за брзо полнење со што Q3 EV би било уште поприфатливо за купувачите.audi_q3_-_watermarked_rear

На другиот крај од понудата би бил RS Q3, и се верува дека ќе ја користи последната верзија на 5 цилиндричниот турбо мотор на Audi, што не е само лесен бидејќи е од алуминиум, туку и моќен со 394 КС. Исто како и сегашниот модел, и новиот Q3 ќе има седум степен автоматски менувач со двојно квачило и кватро пренос на сите тркала. Другиот дел од понудата би бил 4 цилиндричен бензински и дизелски мотор, во распон од 1.5 до 2.0 литри, и сила од 148 до 218 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK