Нов рендер за Alfa Romeo GTV

ОБЈАВЕНО НА:

Формирањето на Stellantis и потврдата од Таварез дека наредниот период во фокусот ќе биде брендот Alfa Romeo ги подгреа надежите за конечно враќање на овој италијански бренд на големата сцена.

Тоа е причината секојдневно да сме сведоци на бројни рендери за можните изгледи на бројни модели на Alfa Romeo, но и враќање на некои легендарни модели. Таков е моделот GTV чиј рендер го објави интернет сајтот CarBuzz.

Она што може да се види дорендерот е дека предниот дел е инспириран од првичниот концепт на Tonale, со благо модифицирана предна маска, но и поостар изглед. Формата на автомобилот е идентична како и на Giulia, а од овој модел се украдени и фелните, но и страничните детали.

Враќањето на GTV во понудата на италијанскиот производител не е најавено. Овој модел беше доста популарен во периодот од 1994 до 2004 година, период во кој се произведуваше и продаваше ширум европскиот континент.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK