Мало, еколошко ама скапо – новиот Smart Electric чини 21.940 евра во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Женева, Smart покажа две верзи и на моделите ForTwo и ForFour со нулта емисија, и сега се подготвува и за продажба на истите.

Градското возило Smart ForTwo Electric Drive веќе може да се нарача во Германија за 21.940 евра. Одличен за возење во градските средини, идеален за паркирање на мали површини и пред се еколошки прифатлив без испуштање на штетни гасови оваа верзија на моделот ForTwo користи електричен мотор со 80 КС и 160 Нм. вртежен момент. Со едно полење може да се поминат околу 160 км.

Највисокото ниво на опременост што ќе се нуди е наречено Smart ForTWo Electric Drive GreenFlash. Има зелена внатрешност и детали на надворешноста и чини 27.839 евра.

Smart исто така прима нарачки и за ForFour Eletric Drive што чини 22.600 евар во Германија. Доаѓа со иста опременост како и помалиот брат, вклучувајќи автоматска клима, аудио систем со блутут, УСБ и АУХ и дополнителен инструмент со мерач на силата и за потрошувачка на струјата меѓу другото.

Други опции што се достапни е 22Kw брз полнач, што на есен ќе се нуди за 840 евра со што батериите ќе се полнат за помалку од 45 минути (од 20 до 100 отсто), и акустичен индикатор за да ги предупредува другите учесници со испуштање на звук заради заштита.

Во Германија има субвенции од Владата во износ од 4.000 евра за купување на возилата, а првите испораки се очекуваат во јуни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK