Бугарин измисли „Нинтендо“ со кое се крадат возила за една минута (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Една полска ТВ екипа успеа да сними дури и видео за тоа како функционира уредот, посетувајќи го „производителот“ во Софија, Бугарија. Цената на уредот е 20.000 евра.

Најсовремената опрема произведена во Бугарија лесно ги отвора најпопуларните марки на автомобили без употреба на клуч и за помалку од една минута. „Играчката“ е многу популарна, и веќе неколку години се користи од крадците. Тоа е речиси совршен уред за кражба. Крадецот само доаѓа, декодира и си оди. Една полска ТВ екипа успеа да сними дури и видео за тоа како функционира уредот, посетувајќи го „производителот“ во Софија, Бугарија.

Полјаците имаат проблем со кражбите на возила, бидејќи секој ден исчезнуваат по 40-тина автомобили кои потоа се расклопуваат. Тој ги натера новинарите од „Репортер“ да направат прилог.
Бугарски дилер на новинарите од Полска им објаснил како функционира опремата за кражба за време на нејзината „презентација“.

– Ние сме главен дистрибутер во Европа на овие уреди. И низ целиот свет … Ние и производителот продаваме низ целиот свет. Никој друг, вели човекот кој на полските новинари им објаснува како функционира уредот.

Новинарот прашува до кој степен Полјаците се важни клиенти таму.
– Продадовме над 50 машини. Во Полска. Многу – вели човекот.

Новинарите му објасниле на бугарскиот „магионичар“ дека одлуката за купување на опремата ќе ја донесе газдата кој останал во Полска. Репортерот бара можност за снимање на неколку филмови со мобилен телефон, за да може да ги добие лице кое може да потроши 20.000 евра за оваа „играчка“. Бугаринот двоумејќи се за момент се согласува и почнува да објаснува како функционира таканареченото „гејмбој“.

– Сега процесот е во тек, се пресметува… И можеме да одиме да се напиеме кафе во ова време. И можеме да го ставиме во џеб и да чекаме да вибрира. Уредот има неверојатни можности, ги памети копчињата. Доволно е да се избере вистинскиот по декодирањето – објаснува соговорникот на „Репорт“. – Ако сакаме да го земеме овој автомобил, притиснете „Y“. А клучот е веќе таму, дури потоа се отвора и пали – вели тој.

Засега нема потврда дали ваков уред се користи и за кражбите на автомобили кај нас.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK