Кинески воз ќе се движи со 1000 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Инженерите од Кина се обидуваат да го зацврстат лидерското место во светот на производството и експлоатација на супербрзи возови. Единствениот достоен ривал на новите проекти на Кина може да биде само „вакуумскиот“Hypеrlооp oд Елон Маск.

Возовите од Кина го користат истиот принцип на возовите Maglev, кои работат со помош на магнетно поле. Новиот амбициозен план на Кинезите е воз, кој ќе може да се движи со брзина од 1000 км/ч, а тоа е рамно со брзината на авионите.

Тестовите за новиот кинески проект ќе бидат во вакуумска цевка, а електромагнетот ќе создаде магнетно поле, оладено до температура блиска до апсолутна нула, што го активира ефектот на суперспроводливост. Градењето на експериментален дел долг 200 километри ќе почне во текот на следната година во провинцијата Хубеј. До крајот на годината ќе биде пуштен првиот експериментален воз. На првата етапа од тестовите тој ќе се движи со минимална брзина од 600 км/ч.

Во случај на успешно тестирање првата трговска линија над брзиот воз ќе го поврзува Хубеј со Гуанжу, а должината ќе биде 2200 километри. Времето за патување ќе биде нешто малку повеќе од два часа.

Првата секција на високо брзата железничка линија, ќе го користи принципот на возовите Maglev, а беше создадена во Кина во 2002 година од инженери од германската компанија Siеmеns. Тогаш беше пуштен во употреба меѓу аеродромот Пудун и централниот дел на Шангај. Тогаш Кина почна самостојно да ги извршува високо брзите проекти и неколку години подоцна навлезе меѓу светските лидери создавајќи мрежа од 30.000 километри на високо брзи патишта.

Во Кина е општо прифатено дека патувањето со железнички транспорт може да се направи поефективно од воздушното патување со авиони. Особено после достигнувањето на брзината од 1000 км/ч, кога времето за патување ќе биде истото за возот како и за авионот. Во моментов светскиот рекорд за брзина на железничка линија го има Јапонија – 603 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK