Ford го намалува производството на Fiesta

ОБЈАВЕНО НА:

Ford објави дека го намалува производството на моделот Fiesta, а причината за тоа е напуштањето на Велика Британија на Европската Унија.

Поради тоа и сега намалениот европски пазар, Ford во фабриката во Келн (Германија) ќе го произведува овој модел само четири дена неделно. Претходно, производството се спроведуваше во пет дена.

Според проценикте, со оваа одлука на американскиот производител ќе бидат опфатени околу 2.200 работници. При тоа овој режим на производство ќе трае во текот на целата година со тоа што во мај ќе се направи ревизија на овој план т.е. одлука.

Инаку овој модел чиј дизајн е дело на Иван Телеска, се произведува само во фабриката во Келн додека моделот од претходната шестта генерација и натаму се произведува во Тајван и Русија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK