Bosch и Daimler претставија паркирање без возач во реални услови

ОБЈАВЕНО НА:

Досегашниот начин на паркирање сега е веќе работата од минатото. Во гаражата за паркирање во Музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт, Bosch и Daimler ја претворија услугата за автоматско паркирање во реалност. Со давање на команда со помош на смартфон возачите сега можат автoматски да ги паркираат автомобилите на местата кои се одредени за нив без притоа да има потреба од надзор за движење на возилото. Услугата за автоматизирано паркирање е важна пресвртница на патот кон автономно возење.

Пилот-решението во гаражата за паркирање на Музејот на Mercedes-Benz е првото вакво решение во светот што се темели на инфраструктурата за целосно автоматизирана услуга за паркирање во реални услови, со возач зад воланот или без возач. Од почетокот на 2018 година посетителите сами можат да ја доживеат практичната услуга во гаражата на музејот и да заштедат време кое инаку би го потрошиле на паркирање.

„Автономното возење ќе стане актуелна побрзо од што многума мислат. Паркирањето без возач во музејот е импресивен пример за напредокот кој технологијата го постигна досега“, изјави д-р Михаел Хафнер, водител на автоматизирано возење и активен развој на безбедноста во компанијата Mercedes-Benz Cars.

„Користењето на интелигентната инфраструктура на гаражата за паркирање и нејзината побрзаност со возилата ни овозможи паркирањето без возач да го претвориме во реалност многу порано отколку што очекувавме“, рече Герхард Штајгер, претседател на одделот за управување со системите во Bosch.

Како магија: автоматско возење до местата за паркинг и назад

Со помош на смартфон секој може да резервира автомобил преку апликација. Патувањето почнува кога автомобилот самостојно вози до местото за преземање од страна на возачот. Враќањето на автомобилот е еднакво лесно: посетителот го остава возилото на просторот за оставање на возилото во гаража и го враќа со помош на апликацијата на смартфонот. Кога интелигентниот систем на гаражата за паркирање ќе го препознае возилото, автомобилот стартува, а системот го води до неговото место.

Паркирањето без возач е овозможено преку интеракција на интелигентна инфраструктура за гаража од Bosch и автомобилска технологија од Mercedes-Benz. Сеонзорите вградени во гаражата за паркирање го следат автопатот и неговата околина во текот на наведување на возилото.

Технологијата во автомобилот безбедно ги претвора командите кои ги добива од инфраструктурата на гаражата во маневри на возење и на време го запира возилото ако тоа е потребно. Сензорите за инфраструктурата на гаражата и комуникациската технологија доаѓаат од Bosch. Daimler обезбедува пилот-возило и гаража на музејот во приватна сопственост. Заедно со Bosch, тие ќе ги направат потребните измени во сензорната технологија и софтверот за автомобили.

Прва светска дозвола за паркирање без возач

После премиерата ќе следува и интензивно тестирање и фаза на старт. Проектор од почеток го надгледуваа локални агенции: регионалното административно тело од Штутгарт и Министерството за транспорт на сојузната покраина Баден-Вутемберг, како и стручкаците од компанијата TÜV Rheinland со цел оценување на работната безбездност во автомобилската технологија и технологијата на гаражата.

Регулаторните тела мораат да го издадат своето конечно одобрување пред паркирањето без возаќ да биде понудено на купувачите, а јавноста првпат во светот ќе може да се служи со автоматизираното патување во гаражата од Музејот на Mercedes-Benz. На тој начин Bosch и Mercedes-Benz ќе добијат увид во тоа како корисниците реагираат на услугата на автоматизирано паркирање. Постоечките гаражи можат дополнително да бидат опремени со инфраструктурна технологија. За операторите на гаражите паркирањето без возач ќе значи поефикасно користење на слободните места за паркирање: ќе можат да се сместат и до 20% повеќе возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK