Hyundai подготвува изненадување на саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

На својот штанд на саемот во Женева, Hyundai ќе има што да понуди, а меѓу неколку возила кои се најавени од претходно ќе има и изненадување. Веќе се знае дека на штандот ќе бидат изложени новата електрична верзија на KONA и новата генерација на Santa Fe. Тука ќе биде и вородорното NEXO и специјалната тематска фудбалска серија GO! Special Edition на i10, i20, i30 и Tucson.

Изненадувањето ќе биде во тоа што првпат ќе има целосно нова концепциска разработка со која од компанијата ќе демонстрираат развој на иднината на својот дизајн и ќе се види какви се нејзините гледања во однос на идната технологија за мобилност.

Од Hyundai зега нема детали околу премиерата на концепцискиот автомобил, а коментираат дека дизајност на сите идни модели ќе биде развиен во зависност од нејзината тема, комбинација и усогласување на клучните дизајн елементи како пропорзии, архитектура, стил и технологија.

Крајната цел, која ја имаат поставено од компанијата е создавање на прогресивен изглед, кој го определуваат дизајн границите меѓу формата и функцијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK