Една петтина од туристичките агенции во регионот пропаѓаат

ОБЈАВЕНО НА:

Околу 20 отсто од туристичките агенции на територијата на Западен Балкан веќе не работат поради ефектите од пандемијата. Од оние што сè уште работат, 41 отсто изјавиле дека можат да издржат само уште три месеци со постојните ресурси.

Речиси половина од туристичките агенции и тур-операторите во Западен Балкан започнаа со намалување на трошоците и отпуштање на работници. Ова го покажаа прелиминарните резултати од студијата на Регионалниот совет за соработка (РЦЦ). Оваа организација спроведува проект за развој и промоција на туризмот во регионот, со поддршка на Европската унија.

Според добиените податоци, околу 20% од туристичките агенции престанале со работа, додека 41% имаат доволно ресурси за да одржат нормално работење само за три месеци. Досега е откажана едно од петте резервирани патувања во земјите од регионот закажана за 2020 година.

РЦЦ смета дека оваа состојба е исклучително тешка, особено за оние кои работат во туризмот. Сепак, последиците ќе влијаат и врз целокупната економија, бидејќи туризмот придонесува за БДП на регионот со 10,2%, додека 11,4% од сите вработени се во секторот туризам и патувања.

Со оглед на забрзаниот пад на секторот за туризам, 72% од агенциите и операторите во регионот очекуваат поддршка од нивните влади да продолжат со работа откако ќе заврши блокадата предизвикана од ширењето на вирусот Ковид 19, се вели во извештајот.

Светската туристичка организација проценува дека меѓународните патувања ширум светот би можеле да се намалат до 30% во 2020 година, што значи дека туризмот може да изгуби околу седум години од својот раст.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK