Документарецот за Михаел Шумахер ќе се прикажува на Нетфликс – премиера во септември

ОБЈАВЕНО НА:

Нетфликс ги купи глобалните права за играниот документарен филм кој го следи животот и кариерата на славниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер. Премиерата на „Шумахер“ ќе биде на 15 септември 2021 година.

Филмот ќе содржи интервјуа со семејството на Шумахер, најмногу неговата сопруга Корина, неговите деца Мик и Џина, и неговиот брат Ралф. Исто така, ќе има интервјуа со неколку лица вклучени во Ф1, како неговиот ривал Мика Хакинен, како и Дејвид Култхард и еден од неговите најголемиte обожаватели, Себастијан Фетел.

За потребите на филмот беа интервјуирани и неговиот поранешен шеф Лука ди Монтеѕемоло, шефот на ФИА, Жан Тод и поранешниот сопственик на Ф1, Берни Еклстон.

„Михаел Шумахер го редефинираше професионалниот имиџ на тркачки возач и постави нови стандарди“, вели Сабина Кем, долгогодишен портпарол на Шумахер. „Во потрагата по совршенство, тој не се поштеди ниту себеси, ниту својот тим, водејќи ги до најголемите успеси“

Документарецот, исто така, ќе прикаже и досега невидени архивски снимки од минатото на Шумахер, приказна за неговата кариера од деновите на картинг во Керпен до неговите рекордни седум светски шампионати во Формула 1.

„За да ја зачува својата приватна сфера како извор на сила, тој секогаш ригорозно и доследно го одделуваше својот приватен од својот јавен живот“, рече Кем. „Овој филм раскажува за двата света. Тоа е подарок од неговото семејство за нивниот сакан сопруг и татко “.

Михаел Шумахер се повлече од трките во 2012 година, и се здоби со тешки повреди во скијачка несреќа во 2013 година од која продолжува да се опоравува дома.

Филмот е во продукција на Бењамин Зајкел и Ванеса Нокер, кои претходно работеа заедно на документарен филм кој се фокусираше на животот и кариерата на германската тениска звезда Борис Бекер.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK