И `рѓосан овој Jaguar вреди 50.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

На аукции најчесто се продаваат возила што се во исправна состојба, или во најмала рака добро изгледаат без некои посериозни надворешни маани. Но, овој Jaguar E-Type од 1962 година, иако `рѓосан и две децении седел во некоја гаража може да достигне цена од 50.000 евра.

Секогаш постои некои „ако“, па така е и овојпат. Станува збор за E-Type series 1 Fixed Coupe чија ексклузивност ја зголемува и цената. Возилотo е произведено во 1962 година и регистрирано во В.Британија. Неговиот сопственик го возел 35 години пред да го продаде.

А новиот сопственик сакал да го реставрира возилото, но никогаш не успеал, а од 1997 година автомобилот бил во гаража и собирал прашина и почнал и да кородира.
Според акуциската куќа што на 2 април ќе го понуди возилото на продажба тврди дека сите делови се оригинални, што претставува добра основа за идна реставрација.

Се проценува дека автомобилот ќе постигне цена од околу 50.000 евра, иако се чини како преоптимистика. Но, добро сочувани примероци на Jaguar E-Type Series 1 вредат преку 100.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK