Провери ги сопирачките и добиј плус попуст

ОБЈАВЕНО НА:

Здравјето е најважно и како што се грижиме за сопственото здравје така треба да се грижиме и нормалното функционирање на сите делови на возилото. Безбедноста најчесто е поврзана со сопирачките, а Еуроимпекс, генерален увозник за Брендот Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија ги повикува возачите да „Направат пауза и да се погрижат за своето возило“.

Додека вие одмарате и го пиете вашето кафе или чај, стручните лица во Еуроимпекс ќе ги проверат сопирачките и системот на вашето возило. За правилно функционирање на возилото, во однос на безбедноста, одржување на перформансите и удобноста, од клучно значење е да го следите програмот за сервисирање, со цел безбедно и безгрижно управување со истото.

Така велат од Еуроимпекс, а вие имате шанса додека трае нивната акција да ја добиете услугата и плус попуст. Тоа може да го сторите во 2-те сервисни локации во Скопје на Еуроимпекс и уште 5-те сервисни локации распространети во Македонија.

Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија и истата е со времетраење до 16.4.2020 година.

Дисковите и плочките се основниот безбедносен елемент на возилото кои се едни од потрошните делови, па токму поради тоа од Еуроимпекс советуваат да се консултирате со овластените Peugeot сервисни точки и да се врши редовна проверка и замена на течноста за сопирачките во одреден временски период препорачан од Производителот.

Еуроимпекс, им стои на располагање на своите клиенти за сите консултации и совети Повеќе на www.peugeot.mk

Следете не и на:

24AUTO NETWORK