Подвиг на годинатa – наместо со авион во Мадрид отпатува со Skoda Favorit купена за 40 фунти

ОБЈАВЕНО НА:

Во овогодинешното фудбалско финале кое се одржа во шпанскиот главен град Мадрид, копјата ги вкрстија англиските гиганти Ливерпул и Тотенхем. Иако во пресрет на натпреварот како и за времетрањето на натпреварот и по истиот, имаше бројни настани кои го привлекоа светското внимание сепак еден од попопуларните беше подвигот на еден Англичанец и неговата Skoda Favorit.

Станува збор за навивачот на Ливерпул, Сајмон Вилсон кој со цел да ги избегне трошоците околу високите авионски карти и такси тој се одлучил да купи стара Skoda Favorit и со неа да се упати кон Мадрид.

Имено авионската карта на релација Ливерпул – Мадрид чинела 800 фунти што е многу повеќе од ообичаеното. Поради тоа тој случајно на оглас наишол на Skoda Favorit кој ја купил за само 40 фунти и отпатувал за Мадрид.

Вилсон на крајот сосема безбедно пристигнал во Мадрид каде на крајот заедно со неговите пријатели – навивчи на Ливерпул, ја прославија шесттата титула на “Црвените” во Лигата на Шампионите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK