Vоlkswаgеn го пoчнa прoизвoдcтвoтo нa ID.5

ОБЈАВЕНО НА:

Иако уште не е видено официјалното претствување на третиот целосно електричен автомобил на Германците, стана јасно дека производството веќе е почнато. Тоа се дозна од „твит“ на брендот.

Vоlkswаgеn ID.5 ќе биде теренец сличен на купе, кој за база ќе го има возилото кое скоро влезе во продажба, ID.4. Очекуваните промени се само дизајнерски и тие ќе влијаат само на надворешноста, каде што се очекува поинаква линија на таванот, што ќе му даде купе форма на електричен кросовер.

Од германската компанија објавија дека производството на СУВ возилото почнало во фабриката во Цвикау каде што се произведуваат и другите два електрични модели ID.3 и ID.4.

Се очекува презентацијата на моделот да биде наскоро, а со започнатото производство првите примероци треба да биде достабни малку после истата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK