Новина: Продажба на возила од вендинг апарат! (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Најчудните салони, или пак најинтересни, за продажба на автомобили сигурно се наоѓат во Дубаи или околината. И секогаш се работи за луксузен, одромен дел. Но, како би изгледало кога треба да изберете автомобил од апарат (вендинг машина), слична како онаа за продавање кафе, или слатки? Такво нешто може да се види во Сигапур.

Штотуку отворена зграда во Сингапур со 15 катови и над 60 места за автомобили на во која може да се видат многу интерсни возила од брендовите McLaren, Porsche, Lamborghini, Bentely, Ferrari… Зградата е сопственост на компанијата Autobah Motors, специјализирана за продажба на половни автомобили.

Зградата изгледа како апарат за продажба на пијалоци и слатки. Интересно е што сите возила што се изложени внатре се на продажба. Идејата на директорот Гери Хонг била да се искористи максимално просторот во внатрешноста и пред сѐ да се биде различен о дконкуренцијата.

Заинтересираните можат да го „повикаат“ посакуваниот модел, и тоа трае во просек една минута. Додека го чекаат возилото на екран оди промотивно видео токму за тој модел што е избран.

Погледнете како тоа изгледа.