Зошто не е паметно да се бесат маски на ретровизорот?

ОБЈАВЕНО НА:

Во ситуација кога би сакале заштитната маска да ви биде при рака веројатно најлесно е да се стави на ретровизорот, но тоа не е така сјајно решение. Првата идеја сигурно ви е дека со ставањето на маската на ретровизорот го намалувате видното поле додека управувате. И тука ќе бидете во право.

Друго е прашањето колку е хигиенски маската да ви виси обесена на ретровизорот. Прашината што постојано влегува и излегува сигурно ќе си најде свое место и на маската, а тоа баш и не е добро во ситуација кога треба да внимавате на сопственото и здравјето на сопатниците.

Маските се користат откако почна пандемијата со коронавирусот и често се ставаат на ретровизорите во автомобилот. Сепак, таму има сè и сешто. Има мирисни борчиња, знаменца од омилените фудбалски клубови, кои се симнуваат само кога се влегува со автомобилот во делот каде што тој клуб не е омилен…

Петер Рукер, кој е директор на одделот за истражување на сообраќајни несреќи во Dekra – Германија, со сето собрано стручно искуство мисли дека не е паметно да се става било што на внатрешните ретровизори. Сите премети кои се обесени се лулаат и го одвлекуваат периферното внимание на возачот.

Тоа значи дека велосипедистите или пешаците од десната страна на вашето возило би ги воочиле премногу дозна. Значи, не претерувајте со украсување на ретровизорот, маската или мирисот ставете ги на друго место во возилото.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK