Кој прв ги измисли – картонски наместо вистински патроли?

ОБЈАВЕНО НА:

Мудрите досетки на полицијата не секогаш “палат”. Исклучок од ова правило е иновацијата на турската полиција која со многу едноставна работа влеа страв кај возачите.

Станува збор за 2D картонски макети од полициско возило. Овие макети се поставени на ризични места каде најчесто се зголемува брзината или не се почитува друга хоризонтална и вертикална сигнализација.

Бидејќи откако еднаш ќе поминат покрај нив, возачите веднаш сфаќаат дека станува збор за “измама”, турската полиција по неколку денови ги демонтира овие макети и ги монтира на нови локации.

Но, додека некои сметаат дека ова е изум на Турците, некои ќе дополнат: Па ова во Бугарија сме го гледале со години. И навистина е така. Нашиот источен сосед одамна го патентираше ова. Интересно е што навистина носи резултати.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK