Honda го претстави моделот Breeze

ОБЈАВЕНО НА:

Honda и официјално ја претстави новата генерација од SUV моделот Breeze наменет за пазарот во Кина.

Станува збор за модел кој се базира во целост на моделот CR-V, а кој се произведува во Кина од страна на Guangqi Honda, заедничка компанија на GAC и Honda.

Екстериерно во споредба со моделот од актуелната генерација која е лансирана во 2016 година, доаѓа со изменета предна маска вклучувајќи го и браникот како и драстично изменет заден дел особено делот кај задните светла.

Honda Breeze

Димензионално овој модл е со должина од 4.634 мм и меѓуоскино растојание од 2.661 мм. Тоа знач идека е за малку подолг од CR-V. Централно место во понудата зазема 1.5 литарскиот турбо бензински мотор со 193 КС и 243 Nm обртни моменти. Тука е и помоќниот 2.0 литарски бензински мотор кој доаѓа како хибридна верзија.

Продажбата во Кина според планот ќе апочне до крајот на оваа година, а основната цена за основниот модел изнесува околу 23 илјади евра.