Го направиле прототипот во 1994, а сега првпат ќе го покажат

ОБЈАВЕНО НА:

По 23 години Volkswagen реши да го покаже во јавност прототипот CC1 и тоа во музејот во Волфсбург. Опишан е како претходник на Audi A2, прототипот бил развиен во почетокот на 90-тите години од минатиот век, како еко-френдли возило што има лесна конструкција и аеродинамичен дизајн.

Како дел од тој процес компанијата им доверила задача на инженерите: да има потрошувачка помала од 2 литри на 100 км, и да биде опремено со системи за безбедност што ќе може да добие високи оценки на Еуро НЦАП тестирањата.

За да се задоволи првиот услов, прототипот е опремен со трицилиндричен дизелски мотор што произведува 35 КС. Бил поврзан со DSG трансмисија што во тоа време била достапна што помогнало да се постигне бараната потрошувачка.
Надворешниот изглед на прототипот бил направен од јаглеродни влакна и засилена пластика, потоа задните тркала биле покриени и имал клинест изглед. Тоа овозможило да се има коефициент на отпор на воздухот од 0,2.

Лесната каросерија била поради користењето на алуминиум, и вкупната тежина била 440 кг. што е половина од вкупната маса на моделот A2.
Сепак, компанијата признава дека прототип е нешто помал од производствениот модел и е “прилично минималистички“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK