Volkswagen повторно е најпродаван бренд во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонска Toyota ја загуби позицијата на светски најпродаван автомобилски бренд и му го предаде приматот на Volkswagen. Според податоците за продажба во 2016 година Toyota продала 10,175 милиони возила во светот, а рекордот го има Volkswagen со 10,31 милион возила.

Ова се случува и покрај податокот дека продажбата на Toyota лани е зголемена за 0,2 отсто во рамките на компанијата каде ги има брендовите Toyota, Lexus, Daihatsu и Hino.

Импресивната продажба на Volkswagen е малку изненандувачка со оглед на проблемите со кои се сочува компанијата по избивањето на аферата Дизелгејт. Но, брендот ја подобри продажбата во Кина со што се нивелираше падот на продажбата во Европа и Америка.

Toyota ја имаше лидерската позиција од 2012 година, а претходно ја презема од General Motors во 2008 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK