Continental разви специјални сопирачки за електрични автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Се повеќе производители на автомобили ги насочуваат своите инвестиции во насока на електричните возила, сакајќи да придонесат за повеќе иновации што ќе придонесат кон подобрување на перформансите на возилата.

Компанијата Continental може да се пофали со целосно нов систем за сопирање дизајниран специјално за електрични автомобили.

Производителот, кој е добро познат по својот бизнис со гуми, го разви таканаречениот систем „Green Caliper“, кој може да се пофали со помала тежина и намалено триење помеѓу дискот и влошките, без да влијае на карактеристиките на сопирањето.

Од Continental велат дека клештите се до 3 килограми полесни од стандардните, а клештите на сопирачките се полесни за 2 килограми. Ова придонесува за до 20 килограми помала тежина во сопирачките на автомобилот, што позитивно влијае на секоја негова карактеристика.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK